Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 42 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-14, Кичево-23, Дебар-05).

На прекршителите им се издадени платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.

Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат, во Кичево извршиле 05 контроли во угостителски и други објекти. Во овој период, регистрирани се 04 прекршувања на забраната за движење од 20 до 05 часот со цел  спречување на ширењето на вирусот Ковид 19. (Охрид-01, Дебар-03). Против овие лица, ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews