Во просториите од општинската зграда, денеска, со почеток во 11 часот ќе се одржи 44-та седница на Советот.
На 44-та седница на почеток ќе треба да се усвои записникот од претходната 43-та седница а потоа да се работи по дневниот ред.
Дневен ред:
Предлог- одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Охрид и општина Центар- Скопје.
Предлог- одлука за давање на времено користење на недвижен имот- градежно земјиште кое е Градежна парцела 1.2 од ДУП УЗ 13 УБ 13.1, на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид.
Предлог- одлука за прифаќање на иницијативата за размена на градежно земјиште.
Предлог- одлука за измена и дополнување на одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документаци како и за времен прекин на постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени обејкти, бр. 08-3172/3 од 18.03.2020 година.
Предлог-измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата наопштина Охрид 2020-2022.
Предлог- одлука за давање согласност на текстот на Aнекс договор на договорот за ЈПП солемизиран кај Нотар Васил Кузманоски под ОДУ.бр.694/15 за поделба на недвижноста.
OhridNews