Рускиот претседател Владимир Путин денеска треба во пристигне во долгонајавуваната посета на Белград. На белградскиот аеродромот ,,Никола Тесла” ќе го пречека спрскиот претседател Александар Вучиќ.

По пречекот и официјалните разговори Путин и неговиот домаќин, српскиот претседател Александар Вучиќ вечер ќе ја посетат црквата „Свети Сава“ каде што е најавен собир по повод престојот на рускиот претседател. Путин последен пат ја посетил Србија во 2014 година. Ова е нивна 14-та средба.

Претседателот на Русија, Владимир Путин ќе го чуваат повеќе илјади полицајци, а се шпекулира за бројка од 7.000. Припадниците на Министерството за внатрешни работи ќе преземат максимални мерки за безбедност, а ќе биде изменет и режимот на сообраќај во одредени делови на Белград. Исто така, се шпекулира дека во Белград веќе стигнале околу 250 најелитни руски специјалци, како и личното обезбедување на рускиот претседател.

Тие наводно ги проверуваат рутата по која ќе се движи Путин, местото на состаноците со српските државници, храната, интернетот и слично. Снајперисти, пак, ќе бидат распоредени по највисоките покриви во Белград. Руските специјалци наводно доаѓаат со развиена технологија за спречување напади со дрон, каква што нема во Србија.

Во обезбедувањето на Путин ќе учествува и српската војска. Три српски „мигови“ би требало да го следат авионот на Путин од моментот кога ќе влезе во воздушниот простор на Србија.

Путин на Вучиќ, како што претходно беше најавено, за време на посетата на Белград треба да му врачи орден на Александар Невски, високо признание кое руската држава им го доделува на истакнати личности за развој на меѓудржавната соработка.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, пак ќе му подари на рускиот претседател, Владимир Путин, оригинален подарок – кутре од расата шарпланинец, пишува „Блиц“. Станува збор за тримесечен мажјак од оваа раса по потекло од Шар Планина.

OhridNews

Макфакс