Двајцата осомничени за организација на настаните од 27 април, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, на кои вчера им беше одреден 30 дневен притвор, биле претепани во затворот во Шуто Оризари, потврдуваат нивни блиски за „Макфакс“.

Роднините кои ги контактиравме велат дека и двајцата биле повредени во тепачка која настанала со осуденици од „Диво насеље“. Роднините велат дека нивните блсики биле раскрвавени и пренесни на здравствен преглед во болниците.

До кривичниот суд во Скопје стигнало известување за физички инцидент во затворот Скопје во Шуто Оризари, дознава „Макфакс“ од извори во судот. Во известувањето било наведено дека станува збор за физички напад, а утре судија ќе ги посети осомничените во затворот.

OhridNews

Макфакс