Кривичниот суд одлучи да го одобри барањето на Обвинителството за организиран криминал и корупција, од каде бараа продолжување на притворот за Бојан Јовановски и Зоран Милевски.

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Б.Ј. и З.М. опфатени во предметот во медиумите познат како ‘Рекет’, по разгледување и ценење на фактите и доказите донесе решенија со кои го прифати предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена“, информира Кривичниот суд.

Јовановски е првоосомничен во истрагата на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Јовановски заедно со Зоран Милевски Кичеец е обвинет за примање награда за противзаконско влијание, како и за перење пари.