Синоќа во Охрид, свечено беше отворено 12-то издание на Охридскиот хорски фестивал. Годинава на фестивалот учествуваат хористи од 28 хорови од 7 европски земји.

На отварањето присутните беа поздравени од заменик градоначалникот на Охрид, Ристо Николески кој им посака срдечно добредојде и пријатен престој во Охрид.

  • Полека, но сигурно охридскиот хорски фестивал зазема се посигурно место на културниот календар во Охрид  и заедно со „Охридско Лето“ и „Балканскиот фестивал на народни песни и игри“ станува препознатлив бренд на градот. Затоа почитувани хористи од Данска, Хрватска, Полска, Турција, Унгарија, Србија и Романија огромна е честа да бидете дел од ова фестивалско издание преку кое вие со своите настапи ја претставувате културата од матичната земја. Искрено ви посакувам да имате успешни фестивалски денови, а до организаторите упатувам благодарност што  преку овој настан ни овозможуваат културно воздигнување со впивање на звуците од духовната музика, поп и фолк настапите, рече Николески.

Фестивалот трае четири дена. Концертите со натпреварувачки карактер како и концертите на духовна, поп и фолк музика ќе се одржуваат во  хотелот Инекс – Горица и во католичката црква „ Св. Кирил и Методиј“. Влезот за фестивалските ноќи е слободен.

Настанот е во организација на Охридскиот хор, а со поддршка на Општина Охрид.

OhridNews