Центар за култура „Григор Прличев“

Од 28.12.2019 - 20:00 до 28.12.2019 - 22:00

Дали сте подготвени за празнично бајковито патување? Одберете го друштвото, вашето омилено парче облека и подгответе се за најoчeкуваниот културно забавен настан во Охрид, музичко – сценскиот спектакл „Зимска бајка“, која оваа година ќе биде во знакот на филмската музика и креативниот хумор. Петтото, јубилејно издание на „Зимска бајка“, ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ на 28 декември, со почеток во 20 часот.

Изведувачите најавуваат извонредно шоу, поразлично од досегашните. Филмската „Зимска бајка, ќе понуди гламур со холивудски шмек, за што ќе се погрижи 12-член бенд кој ќе го предводат вокалите Драган Василески – Пајо и Емилија Колоска, на кој ќе се придружи градскиот хор „Вокс Лихнидос“, а сето тоа ќе биде надополнето со специјален визуелен перформанс. Тие пред охридската публика ќе изведат познати музички класици и хитови од 7-та уметност, додека актерите Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски со нивното „2 mothers brothers“ кабаре подготвуваат доза свеж и креативен хумор.

Билетите за филмската „Зимска бајка“ во ограничен број, по цена од 350 денари, во продажба ќе бидат пуштени на 18 декември, среда, во „Топ маркет – Ориент“ кај стариот чинар, точно на пладне.

Одбројувањето до спектаклот на година започна!