Центар за култура „Григор Прличев“

Од 13.11.2026 - 20:00 до 13.11.2026 - 22:00

Постои една вечер во која смеата може да стане опасна… Една сцена од која нема бегање… И неколку импровокатори кои не знаат што ги чека. А најстрашно од сѐ – ни публиката не знае! Овој петок актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски со уште една „Импровокација“ во Народен театар на малата сцена со почеток од 20:00 часот.

И овојпат нема сценарио. Нема режија. Нема спас. Само импровизација, луди идеи и ситуации од кои дури и Џејсон би фатил магла!  Некој ќе се смее до солзи. Некој ќе се прашува што гледа. А некој можеби ќе стане дел од шоуто… ИМПРОВОКАЦИЈА – ПЕТОК 13-ТИ. Дојди ако се осмелуваш. Но, запомни… она што ќе се случи на сцената, останува на сцената …или можеби не., велат Импровокаторите.

Картите по цена од 400 денари може да се резервираат на телефонскиот број 075/283-066.

OhridNews