Драмското студио “МИЛАДИН“, Литургиската заедница при манастирот Рождество на Пресвета Богородица-Калишта и Центарот за култура „Браќа Миладиновци“- Струга, на 15-ти септември (сабота) со почеток во 19:30ч. во холот при Центарот за култура, организираат чествување по повод 50 години театарска дејност на Христо(Ристе)Миладинов 1968-2018 година.

Предвиден е настап на хорот Калистрат Зографски, ќе се изведе исечок од драмата „Сириус“, Беседа ќе одржи проф. д-р Протопрезвитер Стефан Санџакоски по повод 50-год. од дејноста на Ристе Миладин, а свое обраќање ќе има и Лидија Столеска од името на членовите на драмското студио „Миладин“. Ќе се доделат и благодарници, а присутните ќе може да ја погледнат и изложбата на фотографии на Ристе Миладин од одиграни улоги во драмски претстави.

OhridNews