Светската музичка атракција „Перпетум Џезиле“, вечерва ќе одржи концерт на Античкиот театар, со кој најзначајната културна манифестација во земјава фестивалот „Охридско лето“ ќе го одбележи 52-от роденден.

Воедно ќе биде одбележана и 60 годишнината на Европската асоцијација на фестивали, чиј член е „Охридско лето“.

Роденденската прослава фестивалот ќе ја заокружи со свечен коктел кој ќе се одржи во хотелскиот комплекс „Белви-Метропол“.

OhridNews