68-годишно лице го загуби животот во вчерашната сообраќајна несреќа кај Лескоец.
На 03.12.2021 година во 16.30 часот, на мaгистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Лескоец, патничко возило „ауди А4“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 23 годишно лице, удрило во пешакот, 68 годишно лице, двајцата од село Лескоец. На местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Увид извршиле полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.
OhridNews












