Од министерството за труд и социјална политика, соопштуваат дека согласно со Законот за празниците на РМ, 6 јануари, сабота, Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Додека 7 јануари, недела, Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 8 јануари понеделник, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

OhridNews