Центар за култура „Григор Прличев“
Од 02.09.2019 - 19:00 до 10.09.2019 - 20:30

Изложбата во овој период ќе биде отворена од 8.30 до 21.30 часот.
Изложбата е подготвена од полското Министерство за надворешни работи и Музејот на втората светска војна од Гдањск, по повод одбележување на 80-годишнината од избувнувањето на Втората светска војна која започна со нападот на нацистичка Германија на Полска. Овој најголем вооружен конфликт во историјата донесе огромни човечки и материјални загуби, а исто така имаше големо влијание врз политичките и територијалните промени во Европа по 1945 година.
- Нашата изложба ја раскажува историјата на полската борба против тоталитарниот режим, копнежот по слобода и хероизмот да се спасат други, храброста на војниците и обичните луѓе, заедничка борба против непријателот и борбата за слобода на другите земји – сето ова го заслужува нашето сеќавање. – велат организаторите на изложбата.
Изложбата ќе биде отворена на 2 септември, понеделник, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 19 часот.
OhridNews
 
					



 
							







 
					