Од ноќеска на полноќ дизелот поевтинува за 4,5 денари за литар, а цената на бензините се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторнате комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Според одлуката ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 100 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 по 102 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ БС по 100 денари за литар.

Цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит. и ќе чини 111,50 денари за литар, додека цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,196 ден/кг. и ќе се продава по 49,882 денари за килограм.

OhridNews