Во последните 24 часа се направени 1188 тестирања, а регистрирани се 85 нови случаи на ковид-19.

Починати се 4 лица, два пациенти од Скопје, пациент од Дебар, и пациентка од Штип.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 45 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 114807 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11839, бројката на оздравени пациенти е 7664, на починати е 527, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3648.