Деветти мај се одбележува како Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа. На овој датум 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96 отсто од светското население. Војната однесе повеќе од 50 милиони животи. Официјајлно, пак, Втората светска војната заврши дури на 2 септември 1945 година, кога Јапонија капитулираше по бомбардирањето на Хирошима и Нагасаки со дотогаш непознатото оружје, атомската бомба.

На 9 Мај 1950 година се роди идејата за Европска унија, кога францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во Париз ја прочита декларацијата со која ги повика Франција, Германија и останатите европски земји да ги здружат своите производства на јаглен и челик како „прва конкретна основа за создавање на европска федерација“. Трговската заедница набрзо стана Европска заедница, а денес Европска унија.

Нашата земја по долги години чекање се надева оти оваа година конечно ќе ги отпочне преговорите за членство во Унијата.

OhridNews