Вчера околу 12.50 часот, кај крстосницата помеѓу улиците „Гоце Делчев“ и „Никола Петров Русински“ во Охрид, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило со охридски регистарски ознаки, управувано од 28-годишно лице и велосипед, управуван од 96-годишен охриѓанец.
Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Охрид, информира СВР Охрид, кој извршил увид на местото на настанот.
Синоќа, пак, во 19.35 часот, во казино лоцирано на улицата „Партизанска“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир со карање и непристојно однесување помеѓу две лица од Охрид.
По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, соопшти полицијата.
OhridNews












