Односот на Македонецот кон животната средина тешко се менува. Примери за тоа има насекаде околу нас.

И ова лето нашите патишта, освен за основната намена, служат да се истури сета наша некултура. Покрај коловозите има огромни количини ѓубре, а најмногу околу местата каде во тек се градежни зафати. Тука автомобилите се задржуваат кратко време, но доволно да се истури покрај асфалтот ѓубрето кое  се направило попатно.

За жал оваа слика секојдневно ја гледаат туристите кои патуваат кон и од Охрид, или на некоја од многубројните тури за запознавање со нашето природно богатство, кое се обезвреднува и уништува од ден на ден.

Г.М.