Во морето настани ова лето, концертот на зајдисонце на Владимир Четкар секстет, што се одржа вечерва на плажата „Бонанца“ во Св. Стефан, понуди едно поинакво музичко доживување.

Извонредниот џез и фанк музичар Владимир Четкар, Трајко Велков на труба, Борислав Веселинов на тенор саксофон, Филип Стевановски на тромбон, Ѓоле Максимовски на бас и Виктор Филиповски на тапани, на публиката на исполнетата тераса на плажата „Бонанца“ и приредија незаборавно целовечерно уживање, исполнето со квалитетна музика и многу позитивна енергија.

  • Се надевам дека овие концерти ќе станат традиција бидејќи тука се спојуваат два извонредни моменти, уметноста на природата и уметноста на човекот и сите сетила ги изложуваме на убавина. – вели Владимир Четкар, кој втора година по ред настапува на зајдисонце во единствениот крајезерски амбиент на Охрид.

Покрај вечерашниот концерт на плажата „Бонанца“, Четкар ова лето ќе го одржи и традиционалниот четврти по ред концерт „Вино и Џез“ во Хотел „Филип“, кој е закажан на 18 август.

Фото галерија:

OhridNews
фото: Анамарија Момироска