Веќе една година постои и го опслужува градот со секогаш свежо и исклучиво месо од македонско потекло. Месарата „Мар-Мар“ докажа дека може да се фукнционира без ресторански услуги, како скара на кило. Нивното мото „Земи-носи“, воедно и порака до потрошувачите, како од градот така и голем број туристи, им овозможува да не се грижат што ќе подготват за ручек, особено оние кои имаат динамичен ритам на живеење.

За квалитетот на производите од месарата „Мар–Мар“ што се наоѓа на улицата „Питу Гули“ бр.5/а, говори и фактот дека голем број на љубители на скара се најверните потрошувачи, пред се при организирањето на слави, родендени, крштевки и многу други пригоди, нарачувајќи на телефон 077 530 678.

На менито на „Мар-Мар“ се и хамбуршката сланина, пилешки прсти, чаден домашен колбас, ребро, ќебапи и многу други производи од секогаш свежо месо по пригодни цени за нашиот стандард.

Редакцијата на www.ohridnews.com им го честита првиот роденден со желба уште долги години успешна работа.

OhridNews