Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиевски, денес во својот кабинет го прими Иван Лотески кој го пронајде чесниот крст во осветените езерски води на големиот христијански празник Богојавление–Водици.

На средбата се сумираа впечатоците од одржаната црковно народна манифестација која се организира по повод празникот, а на која присуствуваа бројни охриѓани и гости од земјава и странство.

Лотески втора година по ред е среќниот фаќач на чесниот крст во Охрид за големиот празник Богојавление–Водици.

OhridNews