Најстариот ирски паб во Охрид лоциран на булеварот „Македонски просветители“ стана „Five“.

 

Ребрендираниот паб свечено почна со работа синоќа со забава која ја најави новата шема на ова култно место. Отворањето мина во знакот на традицијата, со добра музика во живо, точено пиво и одлично мезе.

-Ова е само почеток на новиот концепт на работа на пабот „Five“. Добра храна и пијалаци по исклучително пристапни цени и тоа во центарот на градот, квалитетна услуга и настап на бендови во живо, ќе бидат нашиот заштитен знак. – најавува менаџерскиот тим на  пабот „Five“.

На отворањето на пабот „Five“ присуствуваа голем број гости и пријатели. Најпознатиот охридски паб веќе од викендов почнува да работи со нова енергија.

OhridNews