Младите играорки од КУД „Гердан“ облечени во народни носии како „лазарки“ денеска продефилираа низ Охрид. Тие беа вистинска атракција за минувачите и го разубавија празникот Лазарева сабота. Дел од нив застануваа и се фотографираа со нив. По празничното дефиле младите „герданчиња“ одржаа концерт во Центарот за култура.

OhridNews
Фото: Емил Јовановиќ