Пред Хотелот Нова Ривиера, со позитивна енергија и охридскиот специјалитет ѓомлезе започна подигнувањето на стартните пакети за првото издание на Планинарската трка Охрид треил. Учесниците на експото покрај задолжителните изјави за почитувањето на правилата и прописите од организаторите се запознаваа со патеката. Охрид треил има две трки. Големата трка е на 60 километри со старт од Свети Наум, додека малата е 35 километри и започнуваа од автокампот Елешец.

  • Експото е отворено од 10 часот, а веќе пристигнаа десеттина учесници кои ги подигнаа стартните пакети. Со секој учесник поединечно се одржува состанок за што подобра информираност околу патеката и се друго. Патеката е подготвена и утрешниот ден со нетрпение го очекуваме – изјавија организаторите.

Моника Џиерженска, Јан Зума и Ивона Кобалишик од Полска имаат позитивни впечатоци од првата средба со градот Охрид и организираторот.

  • Тројцата прв пат доаѓаме во Охрид. Првите впечатоци се многу убави. Многу ние мило што градот не пречека со сонце и не врне. Денеска откако ги подигнавме стартните пакети ќе прошетаме и ќе се запознаеме со културните вредности на градот. Што се однесува до трката ние сме рекративци и уживаме во планината. Секоја прилика ја користиме да планинариме во Полска, а штом има ваква интересна понуда каква што е охридската одма се пријавуваме – истакна полската експедиција.

Експото ќе биде отворено до 20 часот. Утре, трката на 60 километри ќе започне во 8 часот, а трката на 35 километри во 10 часот.

OhridNews