Денеска се навршуваат 30 години од потпишувањето на Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации – УНИЦЕФ. По тој повод земјите потписнички, меѓу кои е и Македонија, се приклучуваат на глобалната кампања за одбележување на Светскиот ден на детето, со светлосно обојување на објекти, зданија и културно историски споменици во сина боја.

На иницијатива на лајoнс клубот Лихнидос, Завод и Музеј Охрид и градот Охрид, во сино блеснаа Античкиот театар, Самуиловите тврдини, црквата Св. Јован Канео, како и фасади на неколку препознатливи објекти во стариот дел на Охрид.

фото: Емил Јовановиќ

Со ова Охрид се приклучи на стотиците градови низ светот кои во знак на поддршка и заштита на децата обоија во сино препознатливи објекти и знаменитости.

Светскиот ден на детето е востановен во 1989 година.

OhridNews