Коронавирусот во Кина од кој заболеа стотици луѓе сè уште не е глобална здравствена вонредна состојба, соопшти Светската здравствена организација.

Здравствената агенција на Обединетите нации ја донесе одлуката откако независни експерти два дена ги проценуваа информациите за ширењето на новооткриениот коронавирус.

Според СЗО глобална вонредна состојба се дефинира како „вонреден настан“ што претставува ризик за другите земји и бара координиран меѓународен одговор. Претходни глобални вонредни состојби беа прогласени при појавата на Зика вирусот во Америка, пандемијата на свински грип и полио.