Во сабота, 17 јули, Општина Охрид ќе врши завршно асфалтирање на ул. „Абас Емин“ од пресекот  со булевар „Туристичка“ до пресекот со ул. „Охридска Бригада“.

Улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај поради непречено одвивање на градежните активности кои ќе ги изведува АД „Илинден “– Струга. информира Општина Охрид.

Од локалната самоуправа апелираат до сите учесници во сообраќајот да го избегнуваат овој дел од градотдодека траат градежните активности и да се отстранат паркираните возила.

OhridNews