Ерик Абидал се враќа на терените по пауза од повеќе од една година. Французинот повторно ја победи борбата со ракот на црниот дроб и ќе конкурира во составот на Барселона против екипата на Селта.


Враќањето на Абидал единствена радосна вест за тренерот Тито Виланова откако Педро, Чави и Жорди Алба поради повреди нема да бидат во ростерот на Барселона.

Капитенот Пујол и Бразилецот Адријано подолго време ќе недостасуваат во составот, исто како и Валдес, кој ја одлежува суспензијата од пет натпреари.

Мх.П.