Сопственикот на премиерлигашот Челзи, Роман Абрамович, објави дека се повлекува од управувачката позиција и клубот го предава на на Хуманитарната фондација на Челзи, каде тој нема никаков удел.
Во текот на 20 години колку што управувам со Челзи, секогаш се грижев за клубот и носев одлуки кои се во најдобар интерес на клубот. Останувам верен на тоа и затоа денес одлучив управувањето со клубот да го препуштам на Хуманитарната фондација на Челзи. Верувам дека тие се во најдобра позиција да продолжат да се грижат за клубот, играчите, членовите на клубот и навивачите. – порача Абрамович во клупското соопштение.

OhridNews










