Од АД „Галеб“ Охрид информираат дека поради изведување на градежните активности за реконструкција на булеварот „Туристичка“, автобусите на оваа компанија од меѓуградската автобуска станица кои сообраќаат кон Скопје, исклучиво ќе се движат по улицата „Железничка“.

Неколкуте станици на булевар „Туристичка“ на кои се качуваа патниците за Скопје, привремено ќе бидат вон употреба.

Ваквите измени ќе важат се до завршувањето на реконструкцијата на „Туристичка“.

OhridNews