По извесна пауза, наметната од актуелната ковид криза, АД „Галеб“ враќа во функција две автобуски линии, од исклучително значење за граѓаните на Охрид, но и пошироко.

Имено, од понеделник, 10 мај, „Галеб“ повторно редовно ќе сообраќа на  меѓуградската линија Охрид – Битола – Кочани. Поаѓањето од Охрид ќе биде во 06:00 часот од Охрид, а враќањето од Кочани е во 14:30 часот.

Од четврток, 13 мај, продолжува со работа меѓународната линија Охрид  – Белград. Автобусот на „Галеб“ од Охрид кон главниот град на соседна Србија ќе тргнува во стандардните термини, во 15:30 часот преку Битола и во 17:45 часот преку Кичево.

Покрај ова, остануваат досегашните поаѓања од Охрид за Скопје во 05:30 и 15:00, и од Скопје за Охрид во 8:00 и 18:30 часот.

OhridNews