Адвокатската комора на 63то годишно собрание, што деснеска се одржува во Струга, избира нов Управен одбор и претседател.
Работниот дел од собранието започна попладнево зад затворени врати. Се уште се утврдуваат кандидатите за наследник на Никола Додевски на претседателската функција, кој нема да се кандидира за нов мандат, со образложение дека доволно придонел за фелата во изминатите три мандати колку што беше на чело на адвокатската комора.
Како можни кандидати во јавноста се спомнуваа имиња на повеќеа познатите адвокати, но не е исклучено да бидат предложени други имиња, а ќе се гласа само за кандидатите кои ќе го добијат потребното мнозинство од присутните делегати. Се уште актуелниот претсетаел на комората Додевски кој на пошироката јавност и стана познат и како бранител на експремиерот Груевски во случаите на СЈО до минатата година, очекува новиот УО и претседател да продолжат по патот кој го трасирал сегашното раководство и да се залагаат за враќање на достоинството на професијата.

Адвакатската комора освен што избира ново раководство, денеска одбележува и 73 години од постоењето.
Г.М.













