Половина месец по апсењето на бизнисмените Миладинови, се крие информацијата-со колкав имот тие располагале. Од струшкиот катастар се извлекуваат со оправдување дека единствено нивниот референт Сузана Блажеска која во затворот во Шутка му прави друштво на Миладинови, ја знаела шифрата под која се води имотот.
Дознаваме,дека окуражени од хотелиерскиот бизнис по купувањето на Изгрев и Бисер, Миладинови, инвестирале и во изградба на апартамни во Бугарија. Никој не открива дали бугарската РАВ Миладинови која е основана во исто време кога и Кимико е на струшките бизнисмени. Под истото име има фирма за пекарски производи.
Миладинови го изгубиле судскиот спор кој го повеле. Верувале дека ќе се закрепат и дека ќе ги вратат кредитите со продажба на земјоделската задруга во Трубарево која ја поседувале. Но многуте хектари земја не можеле да ги продадат бидејќи согласно законот, земјоделско земјиште во градежен опфат не се продава.
Се шекулира и дека не се расчистени сметките со познатите американски куќи “Њоолмарк”, “Лимитед”, “Еџпресс”, шпанскиот текстилен гигант “ Зара“, за кои “Кимико” работеше колекции по нарачка.
Росица Голабоска












