Речиси секојдневно полицијата во својот редовен билтен информира за физички напади, пресметkи, закани по живот и друг вид насилство кои, како да станаа секојдневие во општеството.

Вчера утрото во 06.30 часот, 26-годишен кавадарчанец пријавил дека во казино лоцирано на улицата „Партизанска“ во Охрид, бил физички нападнат од 41-годишен жител на Охрид. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Исто така вчера, полицијата pривела 35 годишен охриѓанец. Тој, претходно во семејниот дом во Охрид, бил агресивен кон членовите на неговото семејство и им упатил закани по нивниот живот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.

Во рамки на редовните контроли, сообраќајната полиција изминатото деноноќие алкотестирала 48 возачи на моторни возила при што санкционирала двајца кои управувале моторно возило под дејство на алкохол.

OhridNews