Охридската гимназијата ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид доби државен првак по математика.

На државниот натпревар по математика кој се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје, ученикот Ахмед Сулејман од II-2 го освои првото место освојувајќи ги сите 100 поени под менторство на професорката Александра Томоска. Со 3 награда се закити ученикот Климент Укоески од I-6 под менторство на проф. Снежана Цветковиќ, велат од училиштето.

Воедно, им честитаат на учениците и на менторите, а на Ахмед му посакуваат многу успех на претстојната Математичка олимпијада.

OhridNews