Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека во Република Македонија нема увоз на консумни јајца од Холандија за кои Европската комисија предупреди дека дел од количините пласирани во неколку европски земји се загадени со инсектициди. Единствен увоз на овој производ во земјата е од соседна Република Србија, од каде што во првите 6 месеци од 2017 година биле увезени 162.560 килограми консумни јајца, а во 2016 година биле увезени 509.402.

Од Агенцијата велат дека домашното производство на јајца, како и увозот на консумни јајца во Македонија, се под постојана контрола на официјални ветеринари од АХВ.

Од досега извршените контроли и реализацијата на Националната мониторинг-програма, не се евидентирани отстапувања во поглед на безбедноста ниту во домашното производство ниту, пак, во количините кои се увезени во Република Македонија, стои во соопштението на АХВ.

АХВ: Нема контаминирани јајца во Македонија

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека во Република Македонија нема увоз на консумни јајца од Холандија за кои Европската комисија предупреди дека дел од количините пласирани во неколку европски земји се загадени со инсектициди. Единствен увоз на овој производ во земјата е од соседна Република Србија, од каде што во првите 6 месеци од 2017 година биле увезени 162.560 килограми консумни јајца, а во 2016 година биле увезени 509.402.
Од Агенцијата велат дека домашното производство на јајца, како и увозот на консумни јајца во Македонија, се под постојана контрола на официјални ветеринари од АХВ. Од досега извршените контроли и реализацијата на Националната мониторинг-програма, не се евидентирани отстапувања во поглед на безбедноста ниту во домашното производство ниту, пак, во количините кои се увезени во Република Македонија, стои во соопштението на АХВ.