Се чистат ресите од реката Црн Дрим во Струга.  Станува збор за редовно чистење на реката од ресите по целата должина во градот, а акцијата ја реализира Подружницата ХЕС „Црн Дрим“ при АД ЕСМ.

Иако, за нас ова не претставува законска обврска, водени од желбата за зачувување на автентичната убавина на Струга и чистата животна средина, веќе со години наназад целосно ја организираме и реализираме оваа акција, велат од АД ЕСМ.

Посочуваат дека по навремено спроведената тендерска постапка и изборот на специјализирана компанија за чистење на речното корито, активностите на терен официјално започнаа денес, а предвидено е комплетно да завршат најдоцна до петок, 3 јули.

Оваа динамика е целосно усогласена со досегашните позитивни практики. Имено, крајот на месец јуни е оптималниот период за ваков зафат, со што трајно се спречува пребрзото израснување на ресите во текот на претстојната ударна летна сезона, потенцираат.

Најавуваат дека второ косење на ресите е планирано кон крајот на октомври, со цел речното корито да биде исчистено и уредено пред одбележувањето на празникот Водици.

OhridNews