Разговаравме со Орце Петрески – Координатор на Академијата за Програмирање во Сеавус едукативен и развоен Центар, која наскоро започннува со работа и во Охрид.
“Академијата за програмирање најголема досега. Од октомври доаѓаме (требит да сме☺) во Охрид.“
Сеавус едукативен и развоен центар веќе шеста година руши рекорди по бројот на студенти кои одлучуваат својата професионална едукација да им ја доверат токму нив.
Академијата за програмирање е убедливо најатрактивната програма заради што Сеавус Едукативен и развоен центар годинава oдлучи истата да ја претстави и понуди на уште една локација, а тоа е Охрид.
По тој повод разговараме со еден од главните виновници за успехот на академијата, Орце Петрески, координатор, тренер и ментор на Академијата за програмирање, професионалец со повеќе од 15 години работно искуство во областа на софтверски инжинеринг, Technical Lead во Сеавус и секако Охриѓанец ☺
На што се должи успехот на Академиите на СЕДЦ и особено на Академијата за програмирање на СЕДЦ чиј координатор и тренер сте вие?
Академиите на СЕДЦ се по многу нешта различни и би рекол понапредни од одбразованието кое се нуди во областа на ИТ кај нас. Пред се, успехот се должи на тимот од активни професионалци во софтверската индустрија кои секојдневните технички предизвици ги преточуваат во интерактивна и практична настава. Освен најновите трендови кои се дел од нашиот курикулум и кои постојано се обновуваат, една од нашите силни страни е пристапот кон студентите, менторскиот пријателски пристап и поддршката до нивното прво вработување и следење на напредокот понатаму. Токму поради сето ова, нескромно ќе кажам, нашите студенти успеваат да најдат работа уште во текот на самото студирање.
Како настана идејата за отворање на Академијата за програмирање токму во Охрид?
Интересот за Академиите е голем не само во Скопје туку и во другите градови. Охрид е токму таква локација, од која имаме често барање за обуки и академии, а од друга страна, како дел од Сеавус, таму веќе функционира одличен тим кој е подготвен да ни помогне, не само во експертиза, туку и логистички да ја реализираме оваа идеја. Географски, тоа е локација која гравитира околу Битола, Ресен Струга па со тоа ќе се приближиме и во овие градови. Секако, атрактивноста и убавината на Охрид сама по себе е голем плус на претходно кажаното. Во блиска иднина се надеваме да го направиме Охрид центар за летни IT обуки, семинари, хакатлони и сл.
Што се опфаќа Академијата за програмирање?
Академијата за програмирање, односно развој на веб технологии е комбинација на последнитете веб технологии и традиционалниот пристап во изучувањето на компјутерските науки. Нашето искуство покажа дека најдобро функционира токму ваквата методологија која за да создаде успешни кадри мора да вклучи нови програмски јазици и платформи, но нивното познавање не е доволно без да се има изворното поимање за тоа како да се напише ефикасен, чист, безбеден и одржлив код. Така, во програмата застапени се на пример предмети кои вклучуваат: Основни принципи на програмирање, па продолжуваат со JavaScript , C#, Viusal Studio, ASP.NET, MVC, Бази на податоци, PHP Програмирање, WordPress, Cloud Computing итн.
Кои се компетенциите и уште поважно можностите за кариера за вашите студенти, односно оние кои ќе ја завршат оваа Академија?
Погоре спомнав дека програмата ќе им овозможи длабоко и целесообразно познавање од програмерската работа односно работа со последни технологии како HTML5, CSS3, JavaScript, Работа со Visual Studio и ASP.NET платформа со елосно владеење на концептот на Објектно ориентирано програмирање, работа на Cloud решенија, работа со бази на податоци, кои денес се и тоа како барани вештини кај нас и секаде во светот.
Што ќе им порачате за крај на оние кои сеуште не решиле во кој правец да ја насочат својата кариера?
Што би им препорачал? Па пред се би им препорачал добро да размислат во која насока сакаат да го развиваат својот потенцијал од проста причина што денес, кога технолошкиот развој се движи со огромна брзина, скоро сите професии стануваат поврзани со неа односно бараат нејзино познавање. Исто така морам да спомнам, дека во моментов, програмерската е најбараната професија кај нас и во светот и тој тренд уште повеќе ќе се засилува. Доколку проценат дека сакаат да бидат дел од оваа возбудлива професија, тогаш останатото е лесно, треба да се обратат кај најдобрите за оваа работа, а тоа сме ние – Сеавус едукативниот и развоен центар, кој верувам на големо задоволство, отсега покрај во Скопје, ќе биде на располагање и за младите таленти од Охрид и околните места.
OhridNews












