Професор д-р Љупчо Коцарев, актуелен претседател на Македонската академија на науки и уметности – МАНУ, е добитник на највисокото признание што го доделува Општина Охрид „Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид“.

Ова денеска на пресконференција го соопшти градоначалникот Кирил Пецаков. Тој информираше дека до Комисијата за одбележување празници и манифестации пристигнале 6 предлози, а таа едногласно одлучила како единствен предлог за добитник на Свети Климентова награда до него бил доставен академик Љупчо Коцарев.

Оваа година доделени се и три повелби „Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид“.

Како што соопшти претседателот на соодветната општинска комисија, Перчо Божиноски, Повелба им се доделува на активистката за права на лицата со ретки болести Гордана Лолеска, на Еколошкото здружение „Еко Фап“ и постхумно на туристичкиот и културен работник, прерано починатиот Мишо Јузмески.

Г.М.