За три денари се зголемува акцизата на горивата. Владата на денеска одржаната седница донесе Уредба со важност на закон во која е утврдена нова методологија на пресметка на акцизата на горивата.

Како што информираше на прес конференција портпаролот на Владата Мухамет Хоџа, доколку цената на горивата се зголеми за 10 денари, акцизата ќе се намали за еден денар, а доколку таа се зголеми за 20 денари истата ќе се намали за 3 денари, односно ќе се врати на нивото пред донесување на кризната мерка.

Уредбата е донесена за да се ублажат економските последици од зголемувањето на трошоците за справување со корона вирусот и обезбедување средства за сервисирање на буџетските потреби. – рече Хоџа.

Тој потенцираше дека сите средства од акцизата на горивата ќе одат во Фондот за справување со корона вирусот.

Зголемувањето на акцизата во услови на вонредсна состојба, очекувано предизвика зголемување на малопродажната цена на горивата, па така бензините од утре ќе се продаваат поскапо за 3,5 денари, а дизелот за денар и половина.

Г.М.

Поскапуваат горивата