Вчера полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ во содејство со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад и инспектори од Капетанија на пристаништа Охрид, реализираа координирани акциски контроли кон пловните објекти во водите на Охридското Езеро.
Мерките беа преземени согласно одредбите од Законот за внатрешна пловидба, при што е извршена контрола на вкупно 63 пловни објекти. Кај 31 пловен објект и кај 31 лице, констатирани се 52 прекршоци и тоа: немање задолжителна опрема, управување необележан пловен објект, управување нерегистриран пловен објект, управување пловен обект за време на забрана, управување пловило без одобрение за пловидба, превезување повеќе патници од дозволеното, неносење пловидбена дозвола, и сл., а по извршено алкотестирање, кај девет лица било утврдено дека се под дејство на алкохол. Кај пет лица кои вршеле изнајмување на педалинки, била констатирана нецелосна примена на безбедносните правила при нивното изнајмување, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Целта на акциските контроли кои ќе бидат редовни во текот на летото, потенцира Димоски, е доследно почитување на одредбите на Законот за внатрешна пловидба и зголемување на степенот на безбедност на вода.
OhridNews











