Првиот голман на руската репрезентација Игор Акинфеев поради повреда ќе ги пропушти дуелите со Македонија в петок и Република Ирска во вторник.



Чуварот на мрежата на ЦСКА Москва, се здоби со сериозна повреда на лигаментите на коленото, по еден дуел со напаѓачот на Спартак Велингтон. Првичните прогнози говорат дека голманот на ЦСКА ќе паузира шест месеци.


На местото на Акифеев, селекторот Адвокат го повика голманот на Динамо Москва, Антон Шуњин.

Ohridnews