Ако победи Петрески- Чингоски ќе биде околу него?!
19.02.09 00:03
Претседателот на општинскиот совет, Владо Чингоски не е на листата кандидати за советници , но ќе биде еден од директорите на јавните претпријатија во Охрид или ќе остане во општината непосредно до градоначалникот, доколку победи СДСМ на локалните избори закажани на 22 март. Ова го најави актуелниот градоначалник, Александар Петрески, кој повторно ќе се трка за градоначалничката фотелја заедно со уште петтемина кандидати од политичките партии.
Според Петрески, кандидатската листа советници на СДСМ има квалитетни луѓе кои се признати во својата работа.
„Запазени се сите критериуми. Водевме сметка да има учество на жените, соодветна застапеност на младите, но и територијална застапеност, која не е законска обврска, но советот мора да ја покрива целата територија на Охрид“, рече градоначалникот.
Сепак, додаде тој, на нашата листа има и кандидати кои и досега биле членови на советот, заради континуитет во случувањата.
Парична казна во висина од 5000 евра изрече денеска Струшкиот основен суд за поранешниот градоначалник на Општина Струга Рамис Мерко за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезо...
Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ денес го одбележаа 21 септември, Глобалниот ден на кругот на мирот Преку активности заедно со своите наставници тие ја испратија поракта „Едно дрво Еден круг Еден заед...
Самостојна изложба на слики насловена „Охридска рапсодија” на Анче Колева ќе биде отворена утревечер, 22 септември, со почеток во 19:30 часот во изложбениот салон во НУ Центар за култура „Гри...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.