Во однос на изјавите на денешната прес конференција на Секретарот на општина Охрид Александар Китевски, дека се детектирани неправилности во работењето на директорите во трите основни училишта „Св. Климент Охридски“, „Христо Узунов“ и „Григор Прличев“, а Државниот просветен инспекторат истите треба да ги утврди, Активот на директори на основни и средни училишта од Општина Охрид со демант во кој велат дека обвиненијата се паушални и во целоост неиздржани.
Имено, Секретарот како вработен во Општина Охрид го организира, координира, обединува и насочува извршувањето на работата и работните задачи во општинската администрација, а работењето на училиштата подлежи врз Законите и законските акти чиј подносител е Министерството за образование и наука. Тврдењето лаги и невистини на неутврдена фактичка состојба е целосно спротивно закон. Наводите изнесени во изјавата на Секретарот се невистинити и неосновани и истиот ниту бар приложил доказ за изнесените тврдења, се вели во демантот.
Додаваат дека ваквите паушални изјави со цел манипулирање на јавноста претставуваат своевиден мобинг врз работењето на директорите и класична политичка хајка за што ќе побараат одговорност од подносителот на ваквите клевети.
Ова не е прв пат во еден месец откако е оваа локална власт да се врши своевиден притисок врз директорите на училиштата со усмени и писмени закани. За сето ова ќе оставиме надлежните институции да го дадат своето видување, се додава во демантот од Активот на директори на основни и средни училишта од Општина Охрид.
OhridNews













