По повод „8-ми март„ Комерцијална банка, во центрите за згрижување низ републиката во Битола, Кочани и Охрид и во четирите центри за згрижување на жени од семејно насилство во Скопје, преку претставници од филијалите на Банката и од Координативното тело за општетсвена одговорност на Банката со пригодни подароци им го честитаа празникот  на жените чиј глас се уште не може доволно да се чуе во општетсвото.

Во рамки на акцијата „Жени за жени“, Комерцијална банка во наредните денови ќе обезбеди и опрема за центрите во донација од канцелариска опрема и компјутери, со надеж дека барем малку ќе придонесе за подобрување на условите за згрижување. Дополнително, во соработка со Националанта платформа за борба против сиромаштијата и Македонскиот центар за женски права, во наредниот период Банката ќе обезбеди финансирање на еден психотерапевт кој ќе биде ангажиран во шелтер центарот во период од една година, за да работи на ресоцијализација на жртвите од семејно насилство.  Резултатите добиени во текот на спроведената ресоцијализација  и истражување ќе бидат добар показател за идните потреби и ангажмани на бизнис секторот во обезбедување поизвесна иднина за жртвите на семејно насилство,информираат од Комерцијална банка.

OhridNews