Акција за бесплатни лекарски прегледи „Здравје за сите“
05.07.07 11:35
Во организација на Заводот за здравствена заштита од Охрид (ЗЗЗ), како дел од кампањата на министерството за здравство, на 8-ми јули 2007, граѓаните на Охрид и Белчишта ќе имаат можност БЕСПЛАТНО да се прегледаат.
„Кампањата „Здравје за сите“ е јавен повик до граѓаните за бесплатен преглед“ вели директорот на Завод за здр. заштита Атанас Михаилов. „Во Охрид пунктот за бесплатен преглед ќе биде лоциран кај Чинарот, односно до фонтаната на малиот плоштад. Прегледите ќе ги извршуваат стручни медицински лица, без никакви процедури, картони и без селективност. Сите што сакаат можат бесплатно да се прегледаат“ додаде Михаилов.
На пунктовите во Охрид и Белчишта граѓаните ќе можат да добијат бесплатни услуги: мерење крвен притисок, телесна висина и тежина, индекс на телесна маса, одредување шеќер во крвта, маснотии во крвта како и добивање бесплатни здравствени совети. Резултатите од мерењата ќе бидат соопштувани на лице место.
„Стручна препорака до граѓаните кои ќе мерат холестерол во крвта е да дојдат во претпладневните часови, на гладно, поради добивање поточни медицински резултати“ вели Михаилов.
Акцијата „Здравје за сите“ ќе се изведува два пати месечно (на датумите 8-ми и 23-ти), во наредните 4 месеци. Во недела на 8. јули, акцијата ќе трае од 8 часот наутро до 20.00 часот.
Сообраќајот на главниот патен правец од Тирана кон граничниот премин Ќафасан е во прекин поради сериозно оштетување и слегнување на мост на делницата кај Прењас, во источна Албанија Според информац...
На 21022026 година во 1245 часот, на улицата „Кленоец,“ во Охрид, лишено од слобода е 44-годишно лице од охридското село Долно Лакочереј При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници со...
Со традиционалниот детски маскенбал „Емшири 2026” кој се одржа на спортското игралиште „Тодор Александров” беше одбележан празникот Прочка во Велгошти Младите емширчиња со креативни маски инспирира...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.