Зелените површини и крајбрежниот дел во Манастирскиот комплекс ,,Свети Наум”, изминатиот викенд беа целосно исчистени и уредени.


Ова се должи на акцијата која екипите на Ј.П. Охридски Комуналец ја организираа во пресерт на летниот празник Свети Наум.


Во рамки на еко- акцијата била исчистена целата плажа, биле изметени поплочените делови од комплексот и биле искосени тревните површини.

Од јавното претпријатие велат дека овие работни активности се продолжување на акциите што изминатиот период беа спроведни на просторот околу црквите во селото Горно Лакочереј и во селото Скребатно.

OhridNews