Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг“ од Охрид, официјално стана дел од „International Sailing School Association“ во која членуваат уште стотици клубови од целиот свет. Во работна посета на Охрид, изминатиов период беше претседателот на ИЕША Томас Липски, кој му додели одлична оценка на нашиот град.

Главна цел на посетата беше испитување на теренот (Охридското Eзеро), временските услови, условите за тренинг и сите други работи кои доаѓаат во склоп на едриличарството. Покрај условите, многу ми се допаднаа луѓето, кои, со голема љубов и пасија зборуваа за едриличарството. Се е добро, Охрид доби позитивна оценка и градот ќе го имаме предвид за домаќин на некое натпреварување од светски рамки. Со Стефан во текот на неколку денови разменивме идеи и одлучивме да направиме некои заеднички работи за едриличарството како спорт во Охрид. Одблиску можев да се уверам во убавините во Охрид и Охридското Езеро. – изјави Липски.

Томас Липски, претседателот на Интернационалната едриличарска школска асоцијација.

 

Првиот човек на охридскиот клуб „Акватика Јахтинг“, Стефан Ставрев рече дека приклучувањето во ИЕША е голем чекор напред за едрењето во градот и за едриличарите.

Официјално после оваа средба со претседателот Климнски, Акватика Јахтинг клубот од Охрид стана членка на Интернациоланата школа за едрење. Приклучувањето кон меѓународната асоцијација е голем чекор за клубот од Охрид и едрењето како спорт во нашата земја. Едриличарите и сите членови во клубот, сега непречено можат да се едуцираат во школите од останатите членки, да полагаат за инструктири во олимписките класи и за големите едрилици. – објасни Ставрев.

Липски со дел од членовите во Едриличарскиот клуб „Акватика Јахтинг“.

 

Сепак, тој истакна дека условите кои ги нуди Охридското Езеро не се искористени и мора да се подобрат, со цел  развој на едриличарството.

Јас пак ќе повторам и ќе кажам дека го имаме најголемиот природен терен во овој регион. Имаме преубаво езеро кое за жал не е искористено. Најголемиот проблем е инфраструктурата. Има најава дека ќе се гради центар за спортови на вода, но потребни се повеќе на неколку локации. Центрите ќе се користат за чување на опремата и едукација, бидејќи едрењето како спорт многу брзо се развива. Нашите активности се поврзани со инфраструктурата. Членовите во клубот нема каде да се преслечат, нема каде да ја остават опремата која воопшто не е евтина. Да имаме ние соодветни услови можеме во текот на целата година да се натпреваруваме. Пример треба да биде организираноста на езерото Балатон во Унгарија, каде непречено функционираат 67 едриличарски клубови, плус клубови од другите водени спортови. – заврши Ставрев.

Михаил Постоловски

 

Разговор со Стефан Ставрев: Недоволно го користиме Охридското Езеро за развој на водните спортови