Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов, за време на својата посета на Прага, се сретна со поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус, на кого му го подари албумот „ Heavenly“ од охридскиот џез-музичар Владимир Четкар.

Двајцата претседатели, како љубители на џез-музиката, во август минатата година присуствуваа на настап на Владимир Четкар во Охрид, по отворањето на четвртата Школа за млади лидери, на која поранешниот чешки претседател одржа предавање.

За возврат, претседателот Иванов доби џез-колекција, избор на поранешниот чешки претседател Клаус, направена по повод неговиот 70-ти роденден.

OhridNews