Деновиве во Јужна Кореа се издаде третиот студиски албум на Владимир Четкар „Going Home“ преку музичката куќа „C&L music“ која албумот го пласира на национално ниво со високотиражна физичка дистрибуција.

„C&L music“ е исклучително респектабилна корејска музичка куќа која е одговорна за издавањето на музичките каталози на „ECM“, „JVC“, „King Records“, „Schema“, “Naïve“ и други. на јужнокорејскиот пазар.

Ова е втор пат музиката на Владимир Четкар да биде издадена во Јужна Кореа а токму таму на престижниот фестивал Јарасум Џез фестивал Четкар го одржа еден од најуспешните концерти во својата кариера пред петнаесетилјадна публика.

Претходно во март, 2019-та албумот „Going Home“ беше издаден преку музичката куќа „P-Vine“ во Јапонија каде што исто така доби високотиражна дистрибуција ширум земјата и беше еден од најпродаваните албуми во музичките продавници „Tower Records Japan“.

OhridNews